вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Сапуница без крај – почна жестоката „војна“ за милиони: Огорнечата сопруга бара вистинско богатство од фудбалерот – Хакими не сака ни да чуе за тоа!

Сапуница без крај – почна жестоката „војна“ за милиони: Огорнечата сопруга бара вистинско богатство од фудбалерот – Хакими не сака ни да чуе за тоа!

Последниве денови не е можно да не ја забележите фамата која се разбранува околу бурниот развод на популарниот фудбалер на ПСЖ Ашраф Хакими и прекрасната актерка Хиба Абук.

По обвиненијата за силување, со кои моментално се соочува фудбалерот на ПСЖ, досегашната сопруга Хиба Абук одлучила да се разведе од Хакими.

Според пишувањата на светските медиуми, актерката доживеала шок кога во текот на бракоразводната парница дознала дека Мароканецот цело богатство го препишал на мајчиното име. Хиба планирала да му земе половина од имотот на фудбалерот, но се докажало дека тој, правно гледано, не поседува ништо.

Сепак, адвокатскиот тим којшто го застапува убавата актерка нема да се откаже толку лесно – бара од фудбалерот 10 милиони евра.

„La Vanguardia“ пренесува дека актерката одлучила да започне тужба против својот поранешен сопруг поради неверство и лошо управување со нивниот брачен имот.

Таа смета дека ѝ припаѓа дел од богатството и се обидува да го извлече од Хакими.

Бара 10 милиони долари, што е помалку од неговата годишна плата во ПСЖ, но фудбалерот не сака ни да слушне за тоа. Подготвен е на својата поранешна драга да ѝ даде само два милиони.

На мајка му сè ѝ дал
За да не мора да го дели својот имот со сопругата, Хакими целиот имот и заработка го препишал на неговата мајка Садија Мут која тврди дека не знаела за потегот на својот син.

„Синот не ме извести за препишување на богатството на мое име“, рекла Садија.

Таа не разбира зошто јавноста го критикува Хакими којшто со овој потег сакал само да го заштити својот имот.

„Дали презел нешто за да се заштити, не знам, но… Во што е проблем и доколку тоа е вистина? Да не го направеше тоа мојот син, тогаш не би можел да се ослободи од таа жена“, рекла Садија.

Најнови вести