Модниот дизајнер и стилист Саша Видиќ почина завчера на 53-годишна возраст. Саша Видиќ во четврток на 27-ми април ќе биде погребан на Новите гробишта во Белград.
Кремирањето е закажано за 14 часот, додека половина час порано се очекува собир на ожалостени лица.
Семејството на Видиќ објави тажен некролог и ги информираше луѓето за деталите за погребот.
Tužne reči prijatelja i porodice pic.twitter.com/ggymfA95Ys
— Silvana (@Silvana71376830) April 25, 2023
Саша Видиќ е роден во Хрватска во 1971 година, но од 1991 година живее и работи во Белград. Се запишал на моден дизајн на Факултетот за арт и дизајн во Белград. Но, поради тоа што немал постојан приход, морал да го напушти факултетот и да се вработи. Неговата прва креација беше фустанот на Бранка Катиќ, кој го носеше на доделувањето по премиерата на филмот „Ние не сме ангели“.