среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На уште нефрлена лопата коридорите 8 и 10 чинат над 300 милиони евра

На уште нефрлена лопата коридорите 8 и 10 чинат над 300 милиони евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот брифинг со новинарите објасни дека договорот со Бехтел и Енка содржи обврски кои веќе течат. Како што објасни Мицкоски “бројчаникот” почнува да врти од 8 Март кога е потпишан договорот.

Оттогаш треба да почнат да течат обврските кои произлегуваат од т.н специјален закон донесен 2021 година.

Како прв пенал е плаќањето на 53 милиони евра за тоа што не е сменет законот за 60 часовна недела.

За менаџирање на проектот месечно од буџетот ќе се плаќаат 2 милиони евра.

Згора на тоа, сега и да го смениме законот месечно граѓаните ќе плаќаат 1.2 милиони евра.

Се на се до овој момент обрските на државата кон конзорциумот се над 300 милиони евра- објасни Мицкоски.

Најнови вести