среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Ал Пачино за малку ќе добиел отказ во „Кум“: „Имав многу доверба во тебе, а ти ме нервираш…“

Ал Пачино за малку ќе добиел отказ во „Кум“: „Имав многу доверба во тебе, а ти ме нервираш…“

Едно е сигурно – дека улогата во „Кум“ на Ал Пачино му отворила многу врати во Холивуд, но сега за странските медиуми актерот открил дека за малку ќе добиел отказ во култниот филм.

Имено, иако бил прв избор на режисерот Френсис Копола да го глуми Мајкл Корлеоне, постоело време додека се снимал филмот „Кум“ каде Пачино за малку ќе добиел отказ.

Присетувајќи се на разговорот којшто тој и Копола го воделе во тоа време, некои директори на студијата не биле воодушевени од настапот на Пачино и сакале да го заменат.

„Френсис рече: Знаеш, имам само многу доверба во тебе. А, ти ме нервираш“, се присетил Пачино на разговорот со Копола и додал:

„Стојам таму и размислувам – што направив?“.

Тогашните критичари едноставно не биле восхитени како го глуми ликот на Мајкл Корлеоне.

„Сакав да се вратам од никаде и до крајот на филмот да создадам некој вид на енигма. Неговата транзиција ме заинтересира и мислев дека не можам да ја спасам. После првиот ден од снимањето, Дајан Китон и јас се напивме. Мислевме: Тоа е тоа, нашите кариери се завршени. Ова е хаос“, изјавил легендарниот Ал Пачино.