вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Со 300 милиони евра наместо за пенали и аванс само до мај, можеше да се купи Трикафта за сите пациенти за следните 10 години

Стоилковски: Со 300 милиони евра наместо за пенали и аванс само до мај, можеше да се купи Трикафта за сите пациенти за следните 10 години

Почитувани, 300 милиони евра, толку владата мора да исплати како аванс и како пенали само за март и април, според Договор за непочнати автопати, рече на прес-конфереција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-Почитувани, со 300 милиони евра, државата може целосно да купи терапија Трикафта за сите пациенти со цистична фиброза, и тоа непречено, непрекинато за рок од следните 10 години. Ако неполни 300.000 долари е годишно за еден болен, а во Македонија има околу 130 пациенти со цистична фиброза, значи само со парите, обврски по договорот од март до мај, за незапочната градба и без проект, со 300те милиони евра аванс и пенали, 10 години би се обезбедил лек за животозагрозувачка болест за 130 лица. Ковачевски и неговиот шеф Груби треба убаво да пресметаат колку животи ставаат во опасност, но и колку доживотни робии има во овој грабеж и штета од стотици милиони евра? Праша Стоилковски.

Најнови вести