сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: Николовски да иницира Агенцијата за стокови резерви целосно да ја откупи македонската пченица

Трипуновски: Николовски да иницира Агенцијата за стокови резерви целосно да ја откупи македонската пченица

Љупчо Николовски е срам за министерството и македонските земјоделци, вели Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вакви изјави само покажуваат дека не само што е тотално неспособен и незаинтересиран за решавање на проблемите на земјоделците, туку поима нема што се случува во земјоделството.
Но, да беше меѓу земјоделците може и ќе слушнеше кои се нивните проблеми и барања.
Изминатиот период неколку пати барав брза реакција од надлежните, уште еднаш апелирам Николовски веднаш да ги повика производителите на пченица и да предложи до Владата, Агенцијата за стокови резерви веднаш да ја откупи цела македонска пченица.
Доколку Николовски не знае и овој проблем да го реши, стојам на располагање да му помогнам, се во интерес на земјоделците. Доста е од неспособност и незаинтересираност!, додава Трупоновски.

Најнови вести