среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Културното наследство не е приоритет на СДСМ, деновиве, археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис е нападнат од диви копачи, во самиот негов центар“

„Културното наследство не е приоритет на СДСМ, деновиве, археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис е нападнат од диви копачи, во самиот негов центар“

Културното наследство не е приоритет на СДС(М). Власта постојано докажува дека нема никаква допирна точка со цивилизациската оставнина на територијата на Република Македонија, притоа, додавајќи бројни примери на девастирани локалитети токму поради нивното индолентно однесување кон овој суштински елемент од општеството – културното наследство, истакнуваат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Долга е редицата на незгрижени и уништени археолошки и архитектонски добра. По незаконското рушење на хотелот „Шар“ во Старата скопска чаршија, уништувањето на неолитскиот локалитет Влахо во Битолско итн., на ред дојде археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, град основан кон средината на IV век пр. н.е. од страна на кралот Филип II Македонски. Деновиве, археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис е нападнат од диви копачи, во самиот негов центар.

„Сестраната стручност“ на директорката на Заводот и музеј – Битола, д-р Мери Стојанова не успеа да го заштити овој значаен археолошки локалитет од алчноста и несовесноста на дивите копачи.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ јавно ѝ упатува неколку празнични прашања на директорката! Дали овој криминален случај е пријавен во МВР? Дали зад ноќното обезбедување стои Агенцијата за приватно обезбедување „Карпатија“? Кој всушност го обезбедува археолошкиот локалитет oд 20:00 часот навечер до 7:00 часот наутро? Зошто е укината стражарската служба од самиот Завод и музеј? Зошто денското обезбедување е различно од ноќното?

Во очекување на одговорите, не може, а да не се заклучи дека маргинализирањето на културното наследство од страна на власта нè води кон самото дно – национално и културно.

Честит празник на трудот!

Најнови вести