Стефан Кариќ е официјално осомничен дека ја претепал Наташа Шавија, која поради тешки физички повреди заврши во Војводинскиот клиниќки центар.
Полицијата се уште трага по Кариќ, а сега се огласи неговиот адвокат Горан Карадаревиќ кој откри:
-Стефан само накратко ми кажа дека тоа што го објавија медиумите не е баш така. Сè уште немаме добиено официјална покана и затоа Стефан не е во бегство како што се презентира во јавноста. Сигурно утре ќе се пријави кај инспекторите во полициската станица во Сремска Митровица, а потоа ќе видиме што ќе биде, изјави адвокатот за Ало.рс и додаде:
„Можно е полицијата да го приведе 48 часа колку што е процедурата, а потоа да биде изведен пред судија каде ќе даде исказ. Дали ќе му биде продолжен притворот или ќе излезе од затвор, судијата ќе утврди. Ситуацијата е сериозна бидејќи отежнувачка околност е што и претходно е осудуван, а му се заканува затворска казна од шест месеци до пет години“ – рече тој.