сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Во завршна фаза реконструкцијата на летна сцена на штипски Дом на млади

Во завршна фаза реконструкцијата на летна сцена на штипски Дом на млади

Реконструкцијата на летната сцена во Дом на млади е веќе во завршна фаза, а целиот објект ќе биде отворен за јавноста и посетителите со концерт на легендарните Леб и сол, информираше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.

Забележува дека повозрасните штипјани знаат дека оваа група во ’90 години беше чест гостин во Дом на млади, па затоа, како што вели годинава реотворањето на летната сцена на оваа култна институција, повторно ќе биде со препознатливите звуци од овој бенд.

– Штип ќе добие ново руво на летната сцена во Дом на млади, вели Јорданов.