сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Повеќе скопски населби денеска без струја

Повеќе скопски населби денеска без струја

Без електрична енергија денеска од 9:00 до 11:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Коста Новаковиќ“ бр.20 и бр.22 и „Васко Карангелевски“ бр.13.

Во период од 11:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Сотир Томовски“, „Водоча“, „Гаврил Константиновиќ“ и „Мите Богоевски“ во општина Аеродром.

Без струја денеска од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Живко Фирфов“ во општина Кисела Вода. Од 9:30 до 10:30 часот без струја ќе останат скопските населби Волково и Кучевиште, а од 12:30 до 15:30 часот дел од селото Кондово и населбите Волково и Кучевиште.

Во период од 8:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат село Љуботен – Космофон Љуботенски пат, Раштак, горен дел од село Булачани – патот во правец кон Раштак, горниот дел од село Љубанци и делот кон село Љуботен.

Како што информира РЦУК – Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа. (МИА)