петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Познатата актерка за борбата со МС: Не можам да се симнам по скали

Познатата актерка за борбата со МС: Не можам да се симнам по скали

Познатата актерка Кристина Еплгејт, на која и беше дијагностицирана мултиплекс склероза, неодамна проговори за тоа како се справува со оваа болест.

Имено, на актерката пред две години и била дијагностицирана мултиплекс склероза и сега се движи со помош на бастун, а поради оваа болест објави крај на актерската кариера. Таа во интервју за Vanity Fair откри со какви ситуации се справува секојдневно.

-Со мултиплекс склероза, никогаш не е добар ден. Само имаш мали пос**ни денови. Луѓето ме прашуваат зошто не се туширам почесто. Па, затоа што туширањето е страшно за мене. Може да паднеш, можеш да се лизнеш, нозете можат да попуштат. Особено затоа што имам стаклен туш. Се плашам да влезам таму, објасни Еплгејт на почетокот на своето интервју.

„Постојат само одредени работи што луѓето ги земаат здраво за готово во нивните животи, а јас ги земав здраво за готово. Слегувањето по скали или носењето работи се работи што повеќе не можам да ги правам.  Сè уште можам да го возам мојот автомобил на кратки растојанија. Можам да му носам храна на моето дете, но не можам да одам горе-долу“, изјавила актерката.

Најнови вести