недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Две малолетнички од струмичко изгубени во Скопје: Апели за помош на социјалните мрежи, полицијата на терен

Две малолетнички од струмичко изгубени во Скопје: Апели за помош на социјалните мрежи, полицијата на терен

Две малолетнички од струмичко денеска попладнево во полиција се пријавени за изгубени.

Според информациите, девојчињата биле дојдени во Скопје на екскурзија, а последен пат се видени пред ТЦ Веро Џамбо.

Станува збор за А.Ј (12). и Р.И (14).

-Денеска (08.05.2023) околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Центар се изгубиле две малолетнички од струмичко кои биле дојдени на училишна екскурзија во Скопје. Според пријавата на нивната професорка Е.А., последен пат ги видела пред ТЦ Веро Џамбо. Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетничките, велат од МВР за Курир.

На социјалните мрежи се споделуваат апели за помош за нивно пронаоѓање и фотографии од девојчињата.

Најнови вести