Со преземањето на функцијата градоначалник на Општина Јегуновце најгорлив проблем кој го решивме за оваа година ипол мандат беше проблемот кои ги тиштеше жителите на населените места Жилче и Шемшево кој во 21-век немаа основни проблеми а тоа е водата и за толку краток период го решивме тој проблем“, истакна градоначалникот на Општина Јегуновце Димитар Костадиновски на денешната трибина „Социјални политики против иселување и сиромаштија“
Костадиновски посочи дека голем и важен проект за населеното место Жилче е приклучувањето на фекална канализација и поставување на колекторски систем.
„Со тоа што го отворивме јавното комунално претпријатие ОЈП Јегуновце почнавме да функционираме. Набавивме и возила, багер, камион, камионет и околу илјада канти за секое домаќинство. Можам да кажам дека Општина Јегуновце успешно и добро се справува, 97% од нашите сограѓани имаат добиено канти“, кажа Костадиновски.
Тој додаде дека како општина реално се соочуваме и со опструкции од централната власт.
„Но, со опструкцијата која ја прави централната власт кон Општина Јегуновце ние сепак добро се справуваме и ги решаваме проблемите“, кажа Костадиновски.