Марко Колев, градоначалник на општина Велес заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денескa направи пресек на ветувањата односно до каде се проектите кои тој и ВМРО-ДПМНЕ ги дадоа за локалните избори за општина Велес.
-Во изминативе неколку месеци, во неколку наврати во Велес се со цел да направиме пресек на ветувањата, до кај ни се проектите и да најавиме уште неколку нови проекти кои што во наредниве месеци ќе се случуваат во Велес. Ќе посетиме неколку локации заедно со претседателот на Советот, Зоран Љутков, тука е пратеникот и неколку советници од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Колев.
Градоначалникот Колве во текот на своето обраќање наброја само дел од работите кои се случуваат во општина Велес.
-Јас ќе се обидам да кажам неколку работи кои што се случуваат моментално во Велес се со цел граѓаните на Велес да имаат претстава за што зборувам. Пред малку бевме на улицата Лазо Смаков, пред неколку месеци таму почнавме и ја сменивме водоводната линија и други инфраструктурни проекти, но еве пред неколку дена почнавме темелна реконструкција на целата улица, фактички вадење на целиот асфалт, таму има два слоја на асфалт, нови тротоари и нови ивичњаци. Денеска со претседателот ќе ја посетиме улицата Архиепископ Михаил која денеска почнува да се реконструира, се работи за поголема улица од 750 метри, потоа едниот крај од улица Сараевска е завршен уште два ни остануваат и деновиве и тие ќе бидат завршени, улицата Киро Ќучук ќе добие асфалт, и многу други улици во Велес и околните места, потенцираше тој.
Колев во текот на своето обраќање најави и неколку проекти за следниот период.
-Тука можам да најавам дека во наредниот период со советниците ќе работиме еден поголем инфраструктурен проект, сите улици кои се околу пазарот да бидат реконструирани со нови тротоари со нови ивичњаци. Очекувам дека до јуни месец ќе биде завршен и градскиот пазар и ќе можеме да го пуштиме, неколку дена се работи и на кејот на реката Вардар, проект финансиран од ЕУ, вели тој.
На крај градоначалникот на Велес додаде:
-Денеска се наоѓаме во младинскиот парк каде што можете да забележите дека имаме градежни активности, се реконструира целосно младинскиот парк, но се реконструира и амфитеатарот и тој ќе добие нов лик. Работиме и на реконструкција и на спортскиот комплекс, а деновиве траба да го распишеме и тендерот за најголемото спортско игралиште, вложуваме сериозни финансиски средства во поддршка на спортот и во културата каде за неколку дена почнуваат неколку културни манифестации.