Проф. д-р Весна Јаневска, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за образование и наука на денешната трибина во организација на партијата, насловена „Современи образовни политики“ зборувајќи за булингот и врсничкото насилство, рече дека и претходната министерка за образование и наука од СДС Царовска вршела насилство со тоа што од позиција на моќ одлучила да го укине предметот историја, иако како што рече цела јавност реагираше на тоа.
Ќе направам еден компарација и ќе ја спомнам концепцијата на Мила Царовска која во еден многу сензитивен момент за нашето општество и држава, реши да го укине предметот историја, без разлика што реагираше јавноста, родителите, наставници, ученици таа без око да и трепне ја потпиша концепцијата. И тука има разлика на моќ и една личност врши насилие над многу други личности, речиси на цела нација, истакна таа.
Друга работа се учебниците, министерката во 21 век си дозволи да забрани учебници и три години не се печатеа учебници. И тука повторно голем дисбаланс на моќ некој што е на власт одлучува да не печати учебници, а другите страдаат, додаде Јаневска.
Јаневска потенцираше ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која што може да спроведи антибулинг.
Единствен антибулинг кој што Македонија може да го спроведе се вика ВМРО-ДПМНЕ. Во нашиот антибулинг програма ќе ги задржиме предметите, ќе ја ревидираме концепцијата, ќе печатиме книги, ќе ги вратиме наставниците на пиедесталот таму каде што треба да бидат и ќе обезбедиме методи да се намалат притисоците врз нив. Ќе овозможиме студентите слободно да размислуваат и студираат по модерни студиски програми во соработка со Универзитетите, изјави Јаневска.
Ќе спроведеме и вистински антибулигн програми со кои што од најмала возраст ќе ги учиме нашите деца на етика, морал, на добро однесување, на почитување на знаењето и повозрасните, децидна е Јаневска.