сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Советничката на Катица Јанева не е истакнат правник за да биде член на Советот на јавни обвинители

Милошоски: Советничката на Катица Јанева не е истакнат правник за да биде член на Советот на јавни обвинители

Пратеникот Антонијо Милошовски преку видео на Фејсбук објави дека советничката на Катица Јанева не е истакнат правник за да биде член на Советот на јавни обвинители.

„Власта ја предлага Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители, но проблемот е што таа не исполнува ниту еден услов од членот 32 став 1 од Законот за Советот, кој предвидува кандидатот да е или универзитетски професор по право, или адвокат или истакнат правник.

Тоа што била стручен соработник во суд, а потоа и советник за огласи и вработувања на Катица Јанева во СЈО (2016-2018г.) воопшто не ја прави истакнат правник. Доколку вакви кандидати станат членови на Советот за јавни обвинители дополнително ќе паѓа репутацијата на оваа институција и истата ќе нема авторитет за да ја остварува надлежноста врз обвинителствата во Македонија. Ќе гледаме само невкусни репризни бламажи како во Судскиот совет“, вели тој во својот пост на Фејсбук.

Најнови вести