Фаворити за одење на Евровизија во 1986 година беа Неда Украден и Лепа Брена, а во гласањето учествуваа телевизиски станици од сите земји на поранешна Југославија.
Евровизија традиционално носи доза на скандал. Една таква ситуација се случи пред 37 години на „Југовизија“, тогашниот избор за песна на Евровизија.
Дорис Драговиќ победи, а тоа предизвика шок. Имено, Дорис требаше да настапи со групата „Море“ на „Југовизија“ како претставничка на ТВ Титоград на натпреварот во Приштина, но таа ја напушти групата непосредно пред натпреварот. Сакаше да се посвети на соло кариера, а ТВ Загреб ѝ ја подари песната „Zeljo moja“, напишана од Зринко Тутиќ.
Зоран Шкугор неодамна се присети на ова во интервју за „Стори“ во врска со смртта на Јасмин Ставрос. Имено, Ставрос беше тој што ѝ помогна на Дорис да изгради соло кариера.
„Ми рече дека ќе го напушти бендот да оди соло и ме праша дали сум подготвен да го преземам тоа. Потоа се договорив со Телевизија Загреб, односно со Силвије Хум, кој беш уредник на забавната програма Дорис да настапува на „Југовизија“. Го ангажирав Зринко Тутиќ да напише песна и така настана „Жељо моја“ со која победи на Југовизија и отиде на Евровизија. Албумот го завршивме за неколку месеци и таа стана најпопуларна пејачка во Југославија“, се сеќава тој.
Фаворити во 1986 година беа Неда Украден и Лепа Брена, а во гласањето учествуваа телевизии од сите земји на поранешна Југославија.
„Свет музика“ пред финалето пишуваше дека РТВ центарот нема да гласа за Дорис. Телевизија Загреб не ѝ дала ниту еден глас на Неда Украден, бидејќи таа година ја напуштила дискографската куќа Југотон и се преселила во Дискотон.
И покрај ова, се шпекулираше дека Неда сепак ќе победи бидејќи нејзиното патување на Евровизија веќе беше договорено. Никој не веруваше дека Дорис ќе победи, а „Zeljo moja“ беше кажано дека е повеќе за Сплит фестивалот отколку за Евровизија.
Но, се случи токму она што никој не веруваше, а Дорис таа година го освои 11-тото место на Евровизија, сепак познавачите на ова случување тврдат и дека во сето ова бил вмешан и тогашниот љубовник на пејачката, а тоа бил Жељко Ражнатовиќ Аркан кој се заканил дека таа мора да победи.