недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Во општина Зелениково се одржи културен настан по повод 1540 години од раѓањето на Св. Цар Јустинијан Први

Во општина Зелениково се одржи културен настан по повод 1540 години од раѓањето на Св. Цар Јустинијан Први

Вчера во Општина Зелениково се одржи културен настан по повод 1540 години од раѓањето на Св. Цар Јустинијан Први, за кој роднито место се смета дека е Тауресиум, кое спаѓа во територија на општината.

По тој повод, актерот Петар Темелковски ја претстави својата монодрама “Последната ноќ на Јустинијан Први”, а воведен говор даде и проф. д-р Митко Панов, професор на Институт по историја и главен организатор на Јустинијанови денови.

Градоначалникот даде иницијатива до Советот, 11 Мај да се прогласи за Ден на општина.

Воедно Коста Маневски, градоначалникот на Општина Зелениково нагласи дека на настанот биле поканети бројни институции кои се поврзани со Тауресиум, историјата и културата во Македонија, но за жал не се одзваа на поканата, како и на повиците за помош во уредување на археолошкото наоѓалиште.

Затоа, истакна тој, Општина Зелениково ќе продолжи самостојно со свои сили да се бори за заштита и зачувување на сите културно-историски споменици што спаѓаат во атарот на општината.