недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмногу дожд во Пожаране, Дебар и Тетово

Најмногу дожд во Пожаране, Дебар и Тетово

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 22 литри, во Дебар 12, во Тетово 11 и во Охрид 10 литри на метар квадратен, соопшти УХМР.

Во текот на ноќта времето беше облачно, на места со врнежи од дожд. Утрово е облачно со врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд игрмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 23 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен дожд и со умерен до засилен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 21 степен.

Најнови вести