среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Утре и задутре времен режим на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје

Утре и задутре времен режим на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје

Од ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ со прв слој асфалтна маса, во општина Бутел, на потегот од населено место Кучевишка бара кон обиколницата, деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Времениот режим, појаснуваат, ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока и во среда во истиот временски период на другата спротивна насока.

ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.