Синдикалната организација на Царинската управа при УПОЗ им даде поддршка на вработените од Управата за јавни приходи кои денеска излегоа на предупредувачки протест барајќи повисоки плати за 30 проценти.
-Синдикалната организација на Царинската управа – УПОЗ е во процес на носење на одлука за протест доколку не се исполни барањето за исплата на додаток на плата за 30 проценти и за вработените во Царинската управа (почнувајќи од јануари 2023), согласно автентичното толкување донесено од Собранието на РСМ, се наведува во соопштението.