Актерката Меган Фокс се бори да го засака своето тело, а овој процес го отежнува нејзината дијагноза според која има нарушување на менталното здравје.
-Имам телесна дисморфија. Никогаш не се гледам себеси онака како што ме гледаат другите“, изјави 36-годишната ѕвезда во интервју за „Sports Illustrated“.
Станува збор за нарушување на менталното здравје во кое лицето ги доживува деловите од своето тело како крајно грди, деформирани и непривлечни.
Затоа Меган не е задоволна од тоа како изгледаат нејзините нови фотографии во костим за капење, направени за изданието на споменатиот магазин.
-Никогаш немаше момент во мојот живот кога го сакав моето тело, искрено призна Фокс.