среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ристески: Носењето на законите по брза постапка се прави единствено за да се добијат дебели провизии кои ќе завршат во приватни џебови

Ристески: Носењето на законите по брза постапка се прави единствено за да се добијат дебели провизии кои ќе завршат во приватни џебови

Ова што се случува во собранието во Република Македонија е поддржување, продуцирање, гласање на криминал, корупција, арамилак. Ништо друго, рече паратеникот Петар Ристески од денешната собраниска седница на која се дискутира за законите за коридорите 8 и 10Д, по брза постапка.

Ристески, до македонската јавност, посочи дека власта ова го прави единствено за да добие дебела провизија со што се прави грабеж на векот на народните пари, а не изградба на подобра и поквалитетна градба, односно автопатишта.

„Ова власта го прави само затоа што треба да обезбеди да добие дебела провизија за ова што го спроведува. Во прашање се големи пари кои ќе завршат во приватни џебови, ништо друго. Нема аргументи во интерес на работниците, нема во интерес на усогласување на регулативата со европската. Ова сето е само алиби за да се направи голем, тежок криминал. Историски, децениски, вековен криминал во продукција на газдата Груби и неговиот потрчко, премиерот Ковачевски. Дебели, големи пари, милиони евра кои ќе завршат во приватни џебови“, истакна Ристески.

Под алиби, додаде Ристески, дека ова било усогласување со европско законодавство, но македонската јавност треба да знае дека и ова одма им падна во вода затоа што и европските претставници укажаа дека овде не се работи за усогласување со европската регулатива и поради тоа неразбирливо е брзањето да се донесат законите со европско знаменце, што преставува класична злоупотреба.

„И претставниците на Европската Унија и евроамбасадорот Гир, тоа јасно и недвосмислено го кажаа дека овдека нема никакво усогласување со европската регулатива и овдека со овие закони се злоупотребува европското знаме се со една цел, да се избегне јавна дебата при носење на вакви важни закони. Дебата за која сите вие пратеници од власта се колневте, кога гракавте во еден глас, нема правда нема мир, но сега откако седнавте во пратеничките места ја избегнувате“, рече Ристески.

Ристески додаде дека дури и самиот министер во владата, Маричиќ кажа дека овде нема усогласување со европското законодавство, што може јасно да се заклучи дека е само алиби да се спроведе подобро договорот, и уште еднаш посочи дека брзањето на носењето на овие закони се прави за да се украдат побрзо и подобро народните пари.

Најнови вести