Хрватскиот новинар Драго Пилсел побара аеродромот во Сплит да го носи името на неодамна починатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ.
–Ве повикувам да ни се приклучите на мене и мојата сопруга Клаудија во акцијата со која бараме од Владата на Хрватска- да се преименува аеродромот на Сплит со името на Оливер Драгојевиќ.
Оливер е неповторлив и незаменлив. Симбол на Сплит и Далмација. Сакаме да ви кажеме дека можеме тоа да го постигнеме. Оваа петиција ја шириме понатаму. За Оливер, повика Пилсел.