вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Меган Маркл ги повика жените да бидат визионерки на сопствениот живот

Меган Маркл ги повика жените да бидат визионерки на сопствениот живот

Меган Маркл ги повика жените да бидат „визионерки на сопствениот живот“ откако ја доби наградата „Woman of Vision“ за 2023 година во Њујорк за нејзиното глобално залагање за жените и девојките.

Војвотката од Сасекс се појави синоќа во Ms. Foundation’s, во Менхетен, придружувана од сопругот принцот Хари и мајка си, Дорија Рагланд, пренесува „Тајмс“.

Ова беше нејзино прво појавување во јавноста откако го пропушти крунисувањето на кралот Чарлс, таткото на Хари, а во салата Зигфелд се појави во златен корсет фустан од модната дизајнерка Џоана Ортиз, кој чинеше 1.850 долари, соодветна плик чанта од Каролина Херера од 1.100 долари и златни сандали од брендот Том Форд од 1.350 долари.

– Едноставно никогаш не е доцна за почеток. Можете да бидете визионер на вашиот живот. Можете да зацртате пат каде што она што го повторувате во вашите секојдневни навики, во добрина, во застапување, во милост и чесност, ќе стане она што ќе го препознае следниот бран жени, и млади и стари – рече Меган по врачувањето на наградата.

За време на своето обраќање, таа сподели и една анегдота од нејзиното детство, откривајќи дека оваа финдација одиграла улога во нејзиното растење, сеќавајќи се како кога ќе се вратела дома, ќе се сместела по еден ден на училиште со нејзината вечера на послужавник и ги прелистувала страниците на ова списание.

Најнови вести