недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Турлитава – заедно е послатко“ по повод Светскиот ден на културните различности

„Турлитава – заедно е послатко“ по повод Светскиот ден на културните различности

По повод Светскиот ден на културните различности, Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска во Паркот на франкофонијата – Мобилна галерија ќе го одржи настанот „Турлитава – заедно е послатко“.

Целта на настанот е надминување на меѓусебното непознавање на различните етнички групи во нашата држава, како најчеста причина за создавање конфликтни ситуации, односно ситуации кои водат кон дела од омраза.

„Турлитава – заедно е послатко“ е организиран во рамки на проектот „Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III“ поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Најнови вести