вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова до власта: Ниту црвените елеци нема да ве спасат од одговорност, бидејќи прекршени се конкретни членови на Кривичниот закон

Панова до власта: Ниту црвените елеци нема да ве спасат од одговорност, бидејќи прекршени се конкретни членови на Кривичниот закон

Ова е таа „ол ин“ Влада. Сега ќе граделе за следните за сите пари, и тоа „ол ин“. И со оние кои што ги немаме и со оние на граѓаните кои плаќаат даноци, и со парите на нашите деца, нашите внуци, нашите правнуци, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова од денешната собраниска седница на која се расправа за измените на Законот за урбанистичко планирање во брза постапка, односно со европско знаменце.

Таа додаде дека откако сфатија дека губат на секое поле, Артанци решија да ја изиграат последната рунда на рулетот како коцкар кој е свесен дека ја изгубил платата решавал да ги вложи куќата, жената и децата само да се спаси, бидејќи смета дека парите се се во животот и мора да се спаси.

„Вака оваа Влада ја вложи правната држава, работниците, шумите, националните антички богатства, ископнините, суровините, минералите. Плус, над две милијарди со надеж дека ќе стават пари во џеб, па ќе ги поткупуваат граѓаните бидејќи набргу доаѓаат избори. Ќе си ги платат кампањите, ќе купуваат пратеници, ќе праќаат социјални пакети на социјални случаи, ќе плаќаат коалиции, мислејќи дека можеби така ќе се спасат“, рече Панова.

Таа додаде дека, најпрво се сокрија зад пратениците од власта, кои се потпишаа на предлог закони без да знаат што потпишуваат, а сега се кријат зад европското знаменце и зад потписи без име и презиме, на кореспондентни табели.

“Но, се излажале. Ја потценуваат интелигенцијата на македонскиот народ и париве од надзорот од фирма со еден човек ќе ги потрошат само на скапи адвокати, бидејќи постојат конкретни членови кои што веќе ги имаат прекршено од Кривичниот законик. Црвените елечиња нема да спасат никого, ниту пак ќе ве спасат бедните оправдувања, ниту европските знаменца. Нема да ве спасат особено од судот на народот, кој што шест години веќе, немате капацитет да сфатите дека живее во беда и сиромаштија“, истакна Панова.

Таа додаде дека нејзе како правник, најмногу ја боли руинирањето на правната држава, додавајќи дека законите постојат за да ги заштитат граѓаните, но овие закони кои сега се во собраниска процедура, се за да ги заштитат челниците на власт и нивните бизнис интереси.

Најнови вести