вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пешевска: Власта нема унифициран став по однос на националните интереси со што се прави хаос во државата, неопходна е инклузивност во процесите од државен интерес

Пешевска: Власта нема унифициран став по однос на националните интереси со што се прави хаос во државата, неопходна е инклузивност во процесите од државен интерес

Во емисијата „Топ Тема“ на Телма ТВ гостуваше пратеничката Жаклина Пешевска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ која што истакна дека власта нема унифициран став по однос на националните интереси со што се прави хаос во државата, и неопходна е инклузивност во процесите од државен интерес.

„Досега ние информации за бугарско македонските односи за жал добивавме повеќе од бугарската страна отколку од нашата влада. Потоа бевме сведоци на една разноликост во изјавите што ги даваа прво членовите во владата Заев, Бујар Османи даваа различни изјави потоа владата и претседателот на државата имааа различни ставови намерно или ненамерно и тука се прави хаос во државата можеби и да се прави де фокус тоа треба тие да го објаснат“, нагласи Пешевска.

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ додаде и дека неопходен е унифициран став по однос на прашањата од државен интерес.

„Сметам дека треба да имаме еден униформиран став како што имаме униформиран став помеѓу колегите пратеници кои што учествуваме во мешовитиот парламентарен комитет по линија на националните интереси. Односот на Бугарија кон Македонија воопшто не е адекватен и не прилега на една земја која што е членка на Европската Унија. Треба малку повеќе да работиме на кохезијата од страна на овие институции, треба да бидеме повеќе вклучени затоа што на крајот се кршат копјата во собранието. Претходно да сме исклучени а потоа да треба да верификуваме нешто што некој друг го договорил што воопшто не сме запознати особено за национални големи прашања во државата, бевме сведоци на големи процеси во државата каде што не бевме вклучени, а копјата се кршат во собранието“ истакна Пешевска.

Најнови вести