среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

На оваа улица во Центар денеска времен сообраќан режим – избегнете ја гужвата на време!

На оваа улица во Центар денеска времен сообраќан режим – избегнете ја гужвата на време!

Поради асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

Како што информираат од ЈП Улици и патишта Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а поради изведба на градежните активности ќе биде затворена една, а потоа и другата лента на коловозот.

Од ЈП Улици и патишта Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.