вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СПЦ даде канонски отпуст – ПОА на Вранишковски да се интегрира во МПЦ-ОА

СПЦ даде канонски отпуст – ПОА на Вранишковски да се интегрира во МПЦ-ОА

Соборот на Српската Православна Црква (СПЦ) донесе одлука за отпуст на Православната Охридска Архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски и таа да се интегрира во Македонската Православна Црква.

„Одлуката ја донесе соборот на СПЦ кој се одржа во Белград од 14 до 20 мај. Соборот донесе одлука за канонско ослободување на епархии на оваа црква од СПЦ и нејзино интегрирање во синодот на МПЦ, во согласност со каноните и уставите на двете помесни цркви, како и претходно постигнатиот договор на синодите на сите три црковни структури“, се наведува во соопштението на светиот архиерејски синод на СПЦ.

На соборот присуствуваа и архиереи на ПОА, како и сите викарни архиереи. На овогодишното заседание на синодот на СПЦ особено внимание беше посветено на темата за конечното решавање на канонскиот статус на архиереите на ПОА, во светло на минатогодишната одлука на синодот за враќање на воспоставување литургиско единство, како и одлуката за доделување Томос за автокефалност на МПЦ.

Најнови вести