Водителот Огњен Амиџиќ од неодамна е во врска со колешката Мина Наумовиќ, а сега се појави и заедничка нивна фотографија.
Како што сите знаат, Мина го води сегментот „Пази Мина“ во емисијата на познатиот водител, претходно на гледачите пред малите екрани им беше јасно дека меѓу нив владее хемија, но ретко кој знаеше дека тие всушност се заедно, сè додека парот не го призна ова во јавноста.
Сега Мина објави фотографија со Огњен на која позираа насмеани, а малку се зборовите со кои може да се опише дека тие блескаат од среќа, па јасно е дека нивната љубов цвета.
Сепак, луѓето во коментарите започнаа дебата за нивната врска, а додека некои ги сметаат за убава и хармонична двојка, има и такви кои жалат што водителот повеќе не е со Даниела.
View this post on Instagram
„Хармонично и убаво“, „Секогаш гласам за љубов“, беа дел од коментарите, а потоа следуваа: „Тажно Огњен, имаше таква жена покрај себе“, „Даниела изгледаше како милион долари“.