сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лефков: Додека граѓаните се жалат на слаба здравствена заштита, власта гледа како да ги пушти своите пипци во судството и да се дограби до државниот буџет

Лефков: Додека граѓаните се жалат на слаба здравствена заштита, власта гледа како да ги пушти своите пипци во судството и да се дограби до државниот буџет

„Почитувани пријатели, овде сме во населено место Трсино, потоа продолжуваме во Пекљани и во Лаки, како дел од акцијата „Ова е Македонија за сите“. Овде се наоѓаме во еденод најчистите и најубавите краишта на Македонија. За жал овие луѓе се заборавени од министерството за земјоделие. Имаат проблеми со исплтата на субвенциите, имаат проблеми со основното функционирање на институциите“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Лефков додаде дека граѓаните се жалат дека со оваа власт имаат слаба здравствена заштита, слаба поврзаност.

„Овие луѓе бараат власта да им обрати внимание, меѓутоа гледате дека Владата на СДСМ и ДУИ се грижи само за судството како да ги пушти своите пипци во судството, и како да се дограби до државниот буџет. А, луѓето кои што ги плаќаат даноците и произведуваат храна, да не видат ништо од тоа. Затоа пораката од овде е единствена, чекаат на наредните избори да дадат глас за опозицијата, да дадат глас за Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од СДСМ и ДУИ конечно да замине во историјата, а сите кои што се одговорни и тоа не го кажуваме ние туку луѓето од овдего порачуваат, ни рекоа да одговараат“, нагласи Лефков.

Најнови вести