четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Христова: Со измените на Законот за градба се заобиколуваат еден куп постапкати и процедури меѓу кои и најважното, одобрение за градба

Христова: Со измените на Законот за градба се заобиколуваат еден куп постапкати и процедури меѓу кои и најважното, одобрение за градба

Уште на почетокот треба да се каже дека со ова законско решение најважно е тоа дека се заобиколкуваат еден куп постапки и процедури почнувајќи од најважното, одобрение за градба. Се кршат еден куп правила и ова законско решение е крајно непотребно, затоа што веќе има постоечко, а овие нови измени и дополнувања се измислени за сосема друга цел, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Христова од денешната собраниска седница на која се дискутира за измените и дополнувањата на Законот за градење, кој владата го достави со европско знаменце.

Таа посочи дека секој знае и би можел да сфати што значи кратење на рокови, а што кратење на постапки и токму кратењето на постапките е она што не е во ред и со целата процедура со овие закони која се одвива во Собрание.

„Како на шега поминаа Законот за работни односи и Законот за урбанистичко планирање, затоа што се обезбедија со европското знаменце, продолжуваат со Законот за градење, ќе поминат и останатите два, но ќе останат многу неодговорени прашања како оние зошто не се почитуваат препораките на Европската Унија, зошто се злоупотребува европското знаменце, зошто се заобиколуваат постапките и процедурите кога се знае дека тоа е голема штета на државата, пред се поради евро интегративниот процес“, истакна Христова.

Таа додаде дека предлог законите кои овој пат им се доставени, како предлагачи стојат претставници од Влада, кои за разлика од претходно беа потпишани од група пратеници со различни професии, а од претставници од влада моментално во Собрание на комисиските расправи и на пленарната го гледаат само заменик министерот за транспорт и врски.

Христовска запраша колку ќе чини проектот по истекувањето на предвидениот рок за градба кој што се не цели пет години, кој е прилично краток рок за изведување на такви коридори и од каде ќе се најдат пари кои народот ќе ги плаќаат за соработниците на Груби и Ковачевски живеат комотно со години.

„Сакаме пред јавноста да се обелодени прецизната сума за тоа колку ќе чини изградбата доколку проектот не заврши во предвидениот рок. Во што, искрено, и јас не верувам, тоа е еден кус период од неполни пет години и дотогаш е предвидено да се потрошат една милијарда и 300 милиони евра, но колку потоа ќе се потрошат. Од каде пари за потоа, уште колку години народот ќе се оштетува за да генерациите на Ковачевски и координаторот Груби комотно живеат со години. Исто така, треба да знаеме зошто со месеци се крие тој договор, со што ниту граѓаните, ниту ние пратениците, кој што треба да гласаме или да не гласаме, ниту бизнис секторот не го виделе договорот кој што е потпишан на 8 март годинава“, рече пратеничката Христова.

Христова истакна дека се се прави на еден скриен начин, далеку од очите на јавноста, за жал, далеку и од нив пратениците кои дискутираат во Собрание и кои треба да гласаат, нема никаква транспарентност, нема никаква отчетност, а затоа се сигурни дека нема ниту чесност.

Најнови вести