петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменкоска Трајкоска: Со договорот за изградбата на коридорите се злоупотребуваат народните пари

Стаменкоска Трајкоска: Со договорот за изградбата на коридорите се злоупотребуваат народните пари

Со овој договор се злоупотребуваат народните пари затоа и те како имаат сите право да го видат овој договор за изградба на коридорите, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменкоска Трајкоска на денешната собраниска седница.

„Дали сме за градење на коридори и патишта? Одговорот е да. Но исто така сме за по овие патишта да возат среќни луѓе и луѓе кои овие патишта ќе ги користат за развој на туризам, за посета на семејствата а не да бегаат за еден правец од државава“, рече Стаменкоска Трајкоска.

Таа додаде дека законите и системот во државава не функционираат.

„Во законот за градење има многу граматички грешки и законот е многу лошо напишан, но да е тоа најголемиот проблем ќе беше решливо, но не е тоа најголемиот проблем, туку проблемот стој многу длабоко внатре“, кажа Стаменкоска Трајкоска.

Таа запраша за тоа каква економичност и ефикасност ќе има во постапката а при тоа да не се знае колку пари во постапката ќе се потрошат?

„Овие закони се без проект и анализа. Зошто нема анализа? Затоа што власта нејќе да го слушне стручното мислење на оние кои се најкомпетентни да дадат поврзаност со сето ова“, изјави Стаменкоска Трајкоска.

Најнови вести