понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мечето Теди ќе добие ново живеалиште во штипскиот ЗОО парк

Мечето Теди ќе добие ново живеалиште во штипскиот ЗОО парк

Двегодишното мече Теди од штипскиот ЗОО парк нема доволно простор за живеење и наскоро ќе добие ново живеалиште.

Директорот на штипското Комунално претпријатие „Исар“ Живко Тасев под чија надлежност е работната единица ЗОО парк изјави дека се свесни оти мечето Теди нема доволно простор за живеење. Посочи дека веќе имаат решение за што се обратиле и до донаторот, лекарот Угриновски.

– Ние утврдивме дека живеалиштето на мечката е мало. Со неговото растење се доведува до ситуација живеалиштето на мечето да не ги задоволува стандардите. Испративме проекти и писмо до донаторот, лекарот Угриновски и чекаме одговор за да се направи ново живеалиште, кое ќе ги задоволува сите стандарди за живеење на мечката, вели Тасев.

Тој истакна дека веќе имаат избрано и нова локација за живеалиштето на мечката Теди, која се наоѓа во подолниот дел на ЗОО паркот, каде нема бучава од движењето на автомобилите и моторите низ паркот Суитлак.

Тасев информира дека останатите живеалишта се во добра состојба, а вработените постојано се грижат за нив, како и за уредувањето околу нив. Во штипскиот ЗОО парк, кој е единствен на истокот има педестина животни, а е отворен пред четири години.

Мечето Теди е атракција во штипскиот ЗОО парк. Живее во кафез на простор од петнаесетина метри и секојдневно го вознимирува бучавата од автомобилите и високите температури. Пред десетина дена го скршил вратат меѓу затворениот и отворен простор. Одгледувачите сега не смеат да се приближат и да му го исчистат кафезот.

МИА