вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Почина Германецoт кој 50 години живеел на државен трошок: Секој што работи е глупав

Почина Германецoт кој 50 години живеел на државен трошок: Секој што работи е глупав

Германецот Арно Дибел, познат и како најмрзливиот човек на светот, почина во Универзитетската болница Хамбург-Епендорф на 67-годишна возраст.

Овој вечен корисник на бенефиции за невработеност се прослави со изјавите како „Сите што работат се глупави“ и го навлече гневот на другите граѓани врз себе со гостувањето во популарните ток-шоуа во кои објаснува како ја одбива секоја понудена работа и претпочита да живее од државата, пишува Билд.

Често се фалел дека не работел со децении и бил многу горд на тој факт.

На својата мрзеливост се обидел да заработи со гостување во разни емисии, а снимил и неколку песни.

Инаку, Дибел по завршувањето на основното училиште на 16-годишна возраст дури се обиде да влезе на пазарот на трудот, но таа авантура кратко траела.

„Работев како слободен сликар две години, но дадов отказ. Едноставно немав повеќе мотивација“, изјавил во  една прилика Дибел.

Најнови вести