понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пенков: Македонските граѓани ќе платат превисока цена за лагоден живот на мала клика луѓе, со овие пари може да се изградат дополнителни 100 километри автопат

Пенков: Македонските граѓани ќе платат превисока цена за лагоден живот на мала клика луѓе, со овие пари може да се изградат дополнителни 100 километри автопат

Измените законите по скратена постапка се вовед во растурање на државата, поставување на паралелен систем на функционирање со закони кои ќе важат за едни и закони за сите други. За кого се бенефициите, за стратешки партнер кој го избра владата, наместо стратешки партнер да биде народот, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков на денешната собраниска седница.

Тој посочи дека Предлог законот за измени и надополнување на законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки интерес и номинирање на партнер за имплементација на проектот за изградба на коридорот 8 и 10, по скратена постапка наместо долг наслов можеле да биде и предлог на закон за стекнување на огромно богатство.

Како што додаде дека само во овој случај диктира изведувачот, а не инвеститорот, односно не диктира државата, а за цела градежна фела е обратно и вакво нешто досега се нема случено.

– Се знае кој треба да ги диктира условите, но сега е обратно. Не постои друг ваков договор од сите досегашни договори во историјата на градежнштвото и не може да го има бидејќи стои како класифицирана тајна, изјави Пенков.

Пенков го постави и прашањето и по цената на чинење по километар автопат.

– Сега ни нудат дупло повисока цена за еден километар автопат, цена која ќе ја платат граѓаните. На крајот ќе излезе дека а истите пари сме можеле да направиме дополнителни 100 километри автопат. За најголемиот број на македонски граѓаните цената која ќе ја платиме е еднаква на автопат до пеколот овде на земјата во Македонија. Само за една мала клика на луѓе тоа ќе биде автопат до рајот, за сите останати ќе платат премногу висока цена. За да се овозможи лагоден живот на тие сега се потребни милијарди евра. Броени се деновите, за секое злосторство има одговорност и на крајот ќе има и казна, нагласи Пенков.

Најнови вести