недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

Почина славниот актер Џорџ Махарис

Почина славниот актер Џорџ Махарис

Актерот Џорџ Махарис почина на 94-годишна возраст, пишува The Hollywood Reporter.

Тој починал на 24 мај. Неговиот пријател сега ја објави тажната вест на Фејсбук. Ќе остане запаметен по улогите во култните серии.

– Џорџ е добро познат по улогата во серијата „Патот 66“ како и по театарските улоги и пеењето. Освен тоа, тој беше голем човек кој би направил се за секого. Драг пријателе, страшно ќе ми недостигаш, напиша Марк Бун на Инстаграм.

Махарис беше најпознат по улогата на Баз Мардок во серијата „Рут 66“. Ќе остане запаметен и по улогата во серијата „Островот на фантазијата“ која се емитуваше од 1977 до 1984 година.

Роден е во Њујорк. Доби номинација за наградата Еми.

Најнови вести