понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кадиевска Војновиќ: Состојбата во Македонија е ужасна, ни треба поддршката од граѓаните за да се пресече ова трошење на народните пари од владата на СДС и ДУИ за нивните бизниси

Кадиевска Војновиќ: Состојбата во Македонија е ужасна, ни треба поддршката од граѓаните за да се пресече ова трошење на народните пари од владата на СДС и ДУИ за нивните бизниси

Од пописот во 2002 година и овој сега, пријавено е дека се иселени околу 6600луѓе и Велес е на 7мо место по број на иселени резиденти. Но, јас мислам дека е многу поголем бројот на иселени бидејќи никој не задоволен од моменталната ситуација, бидејќи е ужасна, изјави денеска Маја Кадиевска Војновиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на трибина во Велес во организација на партијата, насловена „Развојни политики за стабилна економија“.

Кадиевска Војновиќ рече дека се што прави владата на СДС и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ треба да прави обратно, бидејќи владата дава поддршка на општините кои не само што не плаќаат даноци, не плаќаат ниту струја, за разлика од другите општини кои плаќаат даноци на државата, но се оставени сами да се снаоѓаат.

Се што прави оваа влада ние не треба да гои правиме. Значи обратно. Ако крадат од буџетот, ние не треба да крадеме, прават6 трансфери нелегални, сабајле го отворив буџетот, верувајте веќе ни е обоен буџетот, да не кажам етнички, туку секако ни е обоен. Тука се спомнуваше претходно од градоначалникот и пратеникот дека трчаат по пари за да обезбедат општински буџет. Верувајте пред два дена без на конференција каде што не добив аплауз, бидејќи беше избрана екипа од другата страна зошто на еден графикон им покажав кои општини колку собираат даноци, и што мислите кои општини не плаќаат даноци. Тоа се оние општини кои што не плаќаат ниту струја. Значи што де факто ништо не плаќаат во државата, тие се наградени, вели Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ ја побара поддршката од граѓаните на следните парламентарни избори се со цел да се пресечи ова трошење на народните пари од страна на владата на СДС и ДУИ.

И тука ќе заклучам, затоа ни треба вашата поддршка. На следните парламентарни избори од сите до еден да ја добиеме вашата поддршка за да ја добиеме централната власт и да го пресечеме ова трошење на нашите пари за купување на бизниси, децидна е таа.

Најнови вести