сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трипуновски: На партизираноста нема крај, во АХВ, во секторот за процена на ризик е поставено несоодветно лице преземено од ЈП Градски паркинг

Трипуновски: На партизираноста нема крај, во АХВ, во секторот за процена на ризик е поставено несоодветно лице преземено од ЈП Градски паркинг

„Од власта институциите ги партизираа, еве конкретно во Агенцијата за храна имаме класична партизација. Раководител на Сектор за процена на ризик ни е лице кое што е преземено од ЈП Градски паркинг. И сега тоа лице треба да ни прави процена на ризик, на кои производи, кога, за што треба да се земат мостри и да се испитаат итн., кои фирми се под знак прашалник дека се сомнителни. Тоа е една цела методологија“, истакна Цветан Трипуновски, претседател на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство во гостување во емисија на радио „Лидер“.

Трипуновски додаде дека и сега лице од ЈП Градски паркинг води сектор во Агенција за храна.

„Во Агенцијата за храна да не се разбереме погрешно има професионалци кои што работат повеќе од 15 – 20 години. Тоа се луѓе кои што имале обуки, кои што ја знаат добро работата, кои што имаат морална етика. Е такви луѓе седат на страна, а оние блискиве до Николовски, до Бабовски, до претходниот Атанасов се на челни позиции“, заклучи Трипуновски.

Тој посочи дека поради тоа Македонија се наоѓа на ова дереџе кое што е денеска.

„Затоа е паниката толку голема, затоа што нив ги интересираат процентите, провизиите итн., не ги интересира за она кое што земаат плата“, рече тој.

Трипуновски нагласи дека вработените во Агенцијата за храна се во грч.

Најнови вести