сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Потребно е да има национален косензус во земјава и гаранција дека Бугарија нема понатаму да блокира

Милошоски: Потребно е да има национален косензус во земјава и гаранција дека Бугарија нема понатаму да блокира

Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа рече дека средбата Мицкоски – Ковачевски е задоцнета најмалку една година.

„Ковачевски бегаше од средба. Оваа средба требаше да се одржи кога се прифаќаше францускиот предлог. Владата денес покажа дека нема дво третинско мнозинство да го имаа веднаш ќе ја закажеа надлежната комисија за промена на Уставот. Оттука јасно е де нема да резултира средбата со уставни измени пред да има избори во Македонија, што е и најдобра варијанта за граѓаните“, рече Милошоски.

Тој спосочи дека во партијата сите сметаат дека ова Собрание, овој состав нема легитимитет за промена на Уставот.

„Тие признаа дека немаат две тртетини. Владата ги надминала своите капацитети во ветувања и не може да ја испорача обврската. Ако власта имаше дво третинско мнозинство или СДСМ и ДУИ уште денес ќе ја закажеа надлежната собраниска комисија“, кажа Милошоски.

Според него „ДУИ му е побитна на Ковачевски, зошто, затоа што вицепремиерот кој реално е премиер потпиша да се даде земјиште на сопругата на Ковачевски за едно евро. Дополнително Ковачевски не може да го одбрани ниту директорот на Кардиохирургија, а факт е дека нема намера да се откаже од ДУИ“, посочи Милошоски.

ВМРО-ДПМНЕ, рече тој, бара да се има гаранција за почеток на преговорите и за заштита на македонскиот јазик, идентитет, култура.

„Ова искуство се влече од спорот Словенија-Хрватска или решението за Пирански залив да влезе во сила по евроинтеграцијата. Затоа ние мислиме дека за да нема ново вето секоја година од Бугарија треба да се постигне национално единство. Власта исто вели дека членството не е далеку, ако веруваат како СДСМ и ДУИ дека Македонија може да стане членка за 3-4 или 6-7 години да центрите во Европа треба да им се каже дека ќе се разгледдаат обврските преземени од Владата но со заштита на идентитет, национален консезус и ветување дека нема да има нови блокади. Значи требаат гаранции во спротивно има ризик Македонија секоја година да биде блокирана“, вели Милошоски.

Најнови вести