понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Милошоски: Ковачевски очигледно нема намера да се откаже од ДУИ и затоа избори се најдобро решение

Милошоски: Ковачевски очигледно нема намера да се откаже од ДУИ и затоа избори се најдобро решение

Антонио Милошоски, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисјата Заспиј ако можеш на телевизија Алфа во контект на формирање на широка коалиција рече дека целта на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде борба со корупција, а не да биде статист.

„Доколку би се случил таков потег, проекција на некоја поширика влада, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да биде статист. Ако влезете во таква влада намерата е да се борите со корупцијата и кримналот. Ако ВМРО – ДПМНЕ е во таква влада ќе биде објавен договорот со Бехтел и Енка на пример. Нелогично е да влезе опозициска партија во таква влада и да не се бори со корупција и криминал. Мислам дека Ковечевски попрво би се откажал од Пиксел груп, него работите му ги одржува ДУИ и затоа нема намера да се откаже од ДУИ“, посочи Милошоски.
Милошоски кажа „нас повеќе ни одговара да има избори и затоа претседателот Мицкоски рече дека тоа е најдобри и предложи три датуми за избори на есен“.

„Тоа е поголемата веројатност, соочување на избори. Тој не покажува волја за откажување од ДУИ и тоа е мала веројатност широка колаиција без ДУИ“, посочи Милошоски.

Според него има единствена опција која може да ги мсени СДСМ и ДУИ.

„И не само тоа гледајќи како власта оди надолу на анкетите, тие ќе се обидат да го фрагментираат гласот на незадоволните граѓани. Ако сите гласови кои сакаат да се смени оваа власт ние ќе бидеме блуиску до 60 пратеници или 61, 62 пратеници што ќе значи влада без ДУИ“, вели Милошоски.

Тој објасни и што ќе значи влада на национална единство.

„Понудата беше подаваме рака за влада на национално единство во која би се вклучил секој политички актер кој не е инфициран со коруоција и криминал како што е случајот со ВМРО-ДПМНЕ. Ние мора да го спореме трендот на корупција и криминал“, посочи Милошоски.

Најнови вести