петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Лефков: Власта потфрли во справувањето со последиците од невремето, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од соседните општини помагаат

Лефков: Власта потфрли во справувањето со последиците од невремето, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од соседните општини помагаат

Делчево денеска се соочува со вистинска хаварија, стотици објекти се наоѓаат под вода. Не би сакале денеска да разговараме за тоа кој е одговорен, не би сакале да го споменуваме членот 13 од Законот за комунални дејности, меѓутоа владата потфрли, изјави вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков кој додаде:

,,Секоја чест за делчевчани, секоја чест за територијалната противпожарна единица. Од овде она кое што го гледаме, на терен се упатија и екипите на територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица, доаѓа исто и единицата од Кочани, доаѓа доброволно и противпожарното друштво од Кочани, овде се да помогнат. Меѓутоа, од она кое што го гледаме на терен е дека владата треба по итно да формира тимови за поддршка и тимови за помош на делчевчани, затоа што штетата е огромна.”

Во моментот, водата се повлекува, но останува многу земја и многу фекалии од канализацијата, кои што треба да бидат соодветно третирани.
Повикуваме веднаш да се донесен одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Делчево и веднаш да се формираат тимови за проценка на штетите и штетата да им биде исплатена на овие луѓе, затоа што не заслужуваат да бидат оставени на милост и немилост на времето, посочи Лефков.

Затоа што голем дел од ова вина, знаат дека и тие се одговорни за ова, меѓутоа рековме дека нема сега да говориме за тоа, секоја чест за сите кои што овде се поддржуваат, меѓусебно си помагаат. Време е и владата да им помогне на луѓето во Делчево. Голем поздрав, со вас сме и поддршка за сите вас, подвлече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.