недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Многу дами лудуваа по него, но тој цел живот сака само една жена: Еве како изгледа сопругата на Ален Исламовиќ (ФОТО)

Многу дами лудуваа по него, но тој цел живот сака само една жена: Еве како изгледа сопругата на Ален Исламовиќ (ФОТО)

Ален Исламовиќ отсекогаш важел за заводник. И покрај сета слава и внимание во кои со години ужива на јавната сцена, она што е карактеристично за Исламовиќ е тоа што со години сака само една жена.

Станува збор за неговата сопруга Марјана со која е во брак повеќе од четири децении и со која има две ќерки Уна и Лара од кои добија и внуци.

-Марјана ја запознав кога таа имаше 16 години, а јас 22. Бев никој, само локален пејач во групата „BAG“. Сите овие години ние двајца заедно пливавме низ сите бури и се трудевме да преживееме и да го зачуваме нашиот мир. Таа беше мојата најголема поддршка низ сето она низ кое поминав и во сите одлуки што ги донесов, кои некогаш беа болни и неизвесни. Бракот е компромис, безбедно засолниште и треба да знаете како да го зачувате, изјави своевремено Исламовиќ.

-Мојата најголема љубов е мојата сопруга, ако сме заедно од 16 години, можете да замислите каква љубов е тоа. Сега немаме несогласувања, имавме порано, но таа се навикна. Како татко сум одличен и нежен, но како дедо душте повеќе. Сега ми е најубавата улога, едвај чекам да ги видам моите внуци, ги немам видено три дена и веќе ми недостигаат, изјави еднаш пејачот.

Најнови вести