четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Боцевски: Власта нема мнозинство за уставни измени, затоа се потребни избори да се порази политиката на оваа Влада

Боцевски: Власта нема мнозинство за уставни измени, затоа се потребни избори да се порази политиката на оваа Влада

„Власта нема мнозинство за уставни измени, затоа сега треба да стигнеме до избори. Ајде да видиме како ќе стигнеме до избори“, истакна Ивица Боцевски во утринска емисија на радио „Лидер“.

Боцевски додаде дека на Преспанскиот форум ќе има уште една серија на притисоци околу уставните измени.

„Механичкото додавање на Бугарите во Уставот е проблематично од една единствена страна Бугарија има проблем со македонскиот идентитет. Ниту еден друг што е во Уставот, што е во државата нема проблем со македонскиот идентитет. Во моментот кога Бугарија ќе го признае македонскиот идентитет никаков проблем ќе нема“, заклучи тој.

Тој посочи дека власта посакуваше Пржинска игранка и да ја вовлече опозицијата. Таа игранка власта сакаше да злоупотреби за вовлечување на ВМРО-ДПМНЕ за гласање на уставни измени. Но, тоа на власта не успеа.

„Власта се надеваше и на притисокот на Европската делегација во Македонија, на американска, француска или германска амбасада“, укажа Боцевски.

„Она што е битно од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и што се очекува е буквално да ги развие едрата и бродот на опозицијата, не само бродот на ВМРО-ДПМНЕ туку бродот што ги влече сите од опозицијава да доплови до избори. И на тие избори да се порази политиката на власта која што е погубна за Македонија“, рече тој.

Најнови вести