сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од општините Илинден, Кисела Вода и Сопиште

Без струја делови од општините Илинден, Кисела Вода и Сопиште

Без струја денеска од 08.20 до 15.30 часот ќе бидат корисниците од селата Бујковци, Грушино, Мршевци и Бучинци во општина Илинден, а од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од ул.14 -Бригада во населба Драчево во општина Кисела Вода, информира РЦУК Скопје.

Прекин на електричната енергија, од 09:00 до 15:00 часот, ќе има и за дел од корисниците на ул.„Дамаска“ во општина Карпош, од 09:00 до 14:00 часот за дел од корисниците на ул.„Румена Хаџипанзова“ во населба Драчево, а од 10:00 до 14:00 часот за дел од корисниците од ул.4 (пред црквата Св.Никола) во Горно Соње во општина Сопиште.