среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митева: Се што не сакаше СДС да се реши за се беше формирана работна група, ако мислат дека имаат мнозинство нека закажат седница за уставни измени

Митева: Се што не сакаше СДС да се реши за се беше формирана работна група, ако мислат дека имаат мнозинство нека закажат седница за уставни измени

„Уставни измени под бугарски диктат и под овие околности ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа. Од почетокот ставот е непроменет“, истакна Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Митева додаде дека доколку власта се согласи уставни измени сега да има треба да се со одложено дејство и да влезат во сила во моментот кога сите 27 држави, земји – членки на ЕУ ќе го ратификуваат Протоколот за влез на Македонија во Европската Унија. И тоа практично ќе значи дека тоа е последното барање, последната отстапка што Македонија ќе ја направи и дека повеќе нема да има ново вето заради историјата, нема да има ново вето заради учебниците, нема да има ново вето заради јазикот, идентитетот итн. ВМРО-ДПМНЕ тоа со одложено дејство јасно од страна на претседателот Мицкоски кажа дека ќе го поддржи. А, на тоа Ковачевски треба да даде одговор.

„Уставни измени под бугарски диктат и под овие околности нема! Дали власта во моментов има 80 пратеници“, запраша Митева.

„Јас во овој момент можам само да кажам дека шест години наназад се што не сакаше Социјалдемократскиот сојуз да се реши за се беше формирана работна група. Еве ќе ви дадам еден конкретен пример, дали се формираше работна група за изработка на амандманите од експерти, професори, лица кои што тие ги предложија и дали тие лица пред 20-тина дена пред Владата одржаа прес конференција дека амандманите се завршени и дека се чека на Владата да ги предложи во Собранието. Еве конкретно прашање и конкретен пример како тие работни групи немаат никаков ефект односно не продолжуваат и немаат јасна намера. Зошто Владата ако е завршен тој процес нѐ го препрати до Собранието и нѐ се закаже седница, и нека се провери веродостојноста на тоа што го зборуваме ние веќе десетина дена кој променил ставови, кој не променил ставови. Од власта нека покажат дали имаат 80 пратеници, или имаат повеќе од 80 пратеници. До вчера и велеа не ни требаат гаранции од ЕУ, за денеска да ги поздравуваат ваквите Резолуции кои што доаѓаат од една земја членка на ЕУ. Значи ова е во континуитет само политички блеф кој што се случува од Социјалдемократскиот сојуз“, рече Митева.

Таа посочи дека граѓаните живеат се потешко, власта не работи во интерес на Македонија.

Најнови вести