Пејачката Бебе Реџа која има албанско потекло беше погодена во главата со телефон на концерт во Њујорк откако со рацете направи двоглав орел.
По овој инцидент нејзиниот настап беше прекинат, а пејачката итно беше хоспитализирана.
Таа добила повреди на левото око, па била шиена со три конци.
View this post on Instagram
Популарната пејачка по овој инцидент се огласи на социјалните мрежи каде објави фотографија од самата себе и порача дека е добро.
По настанот медиумите објавија дека полицијата го уапсила Николас Малван од Њу Џерси оптужувајќи го дека тој е напаѓачот на пејачката.