четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ФОТО: Хајди Клум и 17 години помладиот сопруг ги подгреаја гласините дека очекуваат принова

ФОТО: Хајди Клум и 17 години помладиот сопруг ги подгреаја гласините дека очекуваат принова

Германската манекенка Хајди Клум и нејзиниот сопруг Том Каулиц се одмораат во Италија, поточно во Венеција, каде што беа фотографирани од папараците.

Хајди (50) и нејзиниот 17 години помлад сопруг се познати по тоа што разменуваат нежности во јавноста, а така беше и овој пат, но еден детаљ ги започна гласините дека парот чека бебе.

Имено, папараците го снимиле Том како нежно го гали стомакот на Хајди и нежно гледа кон него, а таа при прошетката не ја мрдала раката од стомакот. Освен тоа, кога еден обожавател и побарал селфи, таа брзо го сокрила стомакот со чантата што ја носела со себе, па многу луѓе заклучиле дека парот очекува принова. Официјална потврда се уште нема.

Хајди и Том се во брак од 2019 година кога тајно се венчаа по една година врска. Неколку месеци по тајната церемонија во Италија, тие организираа свадбена прослава за семејството и пријателите.

Интересно е и тоа што Хајди неодамна призна дека би сакала да има дете со Том.

Се породив четири пати. Секој пат доев осум месеци, а потоа повторно забременив. Моите деца имаат 18, 17, 16 и 13 години. Сега чекав долго време, па можеби е време за уште едно дете, рече таа во емисијата која ја води Џенифер Хадсон.

Најнови вести