вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ковачки до Ковачевски: Како на 24 години Дрин Ахмети со фирма во загуба, се стекнува со сопственост од дури 39% од деловниот центар Соравиа?

Ковачки до Ковачевски: Како на 24 години Дрин Ахмети со фирма во загуба, се стекнува со сопственост од дури 39% од деловниот центар Соравиа?

-Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети има 24 години и поседува вкупно 4 компании. Самиот на прес конференција изјави дека на 18 годишна возраст почнал истовремено да работи и да студира и тоа помогнало во неговото искуство. Според информациите се едуцирал на приватниот Aмерикан Kолеџ каде што студирал две години, а потоа продолжил во Рим и се запишал државниот универзитет каде што студирал уште две години. И покрај тоа што на веб страницата на универзитетот, времетраењето на студиите е 3 години, значи симптоматично е уште неговото образование, изјави пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Ковачки во текот на своето обраќање направи една анализа за целиот случај како внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети ја купува Соравиа.
-Но фокусот е денеска на неговите фирми бидејќи и самиот изјави дека поседува 4 компании. Најпрвин јавноста дозна за фирмата која што го купи деловниот бизнис центар Соравиа во центарот на Скопје за близу 30 милиони евра. Имено Соравиа груп и Певлаку ШПК од Албанија партнер на Тор индустрис на Али Ахмети, Дрин Ахмети потврдија дека Певлаку ШПК и Тор индустрис ја купиле деловната зграда на Соравиа. Фирмата Тор индустрис чиј основач е Дрин Ахмети основана во 2020 година и според информациите кои се објавени во медимуите фирмата нема прикажано профит.Досегашаниот сопственик на офијалната веб страна има објавено податок дека деловната зграда Соравиа е инвестиција од 25 милиони евра, тоа се пари кои биле потребни за да се изгради и пушти во употреба. Цената на деловен простор во центар според информациите со кои дојдовме после извршеното истражување кај повеќе фирми кои се занимаваат со недвижности, заклучивме дека е од 2000 евра па нагоре. Според она кое го изјави Дрин Ахмети тој со 0 евра добива 39 проценти од фирмата, изјавувајќи дека уште при првата средба со австрискиот сопственик на Соравиа кликнало нешто помеѓу нив односно се створила некаква хемија, каќа пратеникот Ковачки.

Пратеникот во текот своето обраќање укажа и на уштен случај како истиот Дрин Ахмети добива концесија за изградба на мала хидроцентрала кога имал само 21 година.
-На 14 мај 2019 година на седница на влада на која биле и Бујар Османи и Крешник Бектеши е донесена одлука да се даде концесија за изградба на мала хидроцентрала на Еверест ЏД повторно на Дрин Ахмети кога младиот претрпиемач имал само 21 година. Концесијата е на 23 години, а предвидената хидроцентрала треба да биде со моќност од 387 киловати. За да се направи таква хидроцентрала потребни се 1.2 милиони евра. Значи кланот Ахмети има државна концесија за варовник кој го продаваат со државната ЕСМ, истиот клан ја купува Соравиа, а останатите две фирми им се во бизнисот со струја, вели тој.

Оттука Ковачки ги постави следните прашања до премиерот Димитар Ковачевски.

1.Вие почитуван премиер бевте заменик министер за финасии, во вашата биографија стои дека имате и поминато курс на Хардвард, па ќе можете ли да ни одговорите како на 24 годишна возраст Дрин Ахмети со фирма која што работи со загуба може да се стекне со сопственост од дури 39% на деловниот проект Соравиа, само затоа што има претприемачки дух и имал визија за иднината?

2.Дали ќе побарате оставка од Али Ахмети и дали ќе соберете храброст да ги повикате министерството за внатрешни работи, финасиската полиција, Управата финасиско разузнување, УЈП да покрената истрага за случајот со Дрин Ахмети?

3.Со оглед дека јавниот обвинител за гонење на организран криминал и корупција Ислам Абази кој потекнува од исто место со Али Ахмети и Дрин Ахмети, а во јавноста излезе фотографија заедно со Али и со Ислам од ловечка вечера, како и од брат му на Али Ахмети односно таткото на Дрин Ахмети како се фотографирани во домашна атмосфера дали може да се очекува дека непристрасно ќе се отвори истрага за да се испита како Дрин Ахмети на 24 години успеал да поседува дури 4 фирми.

Најнови вести